Радио Кочани
Кочани

Општина Кочани доби грант од 50.000 американски долари за изработка на техничка документација за реконструкција на собирниот резервоар и на главниот доводен цевковод за геотермална вода

624

По спроведената постапка за евалуација на барањата за финансирање на техничка документација за инфраструктурни проекти од областа на животната средина како дел од Третиот повик во рамките на Фондот за техничка документација, Општина Кочани доби известување дека е меѓу четирите добитници на грант до 50.000 американски долари.

Одобрениот проект на Општина Кочани се однесува на изработка на техничка документација за реконструкција на собирниот резервоар и на главниот доводен цевковод за геотермална вода во геотермалниот систем „Геотерма“ – Кочани и е планирано да се реализира во партнерство со КЈП „Водовод“.

Преку проектот „Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти – Фаза 2“, финансиран од Шведска и Бирото за регионален развој, ќе биде финансирана изработка на потребната техничка документација за реконструкција на дистрибутивниот систем  од селото Горни Подлог до ОУ „Никола Карев“ во Кочани, во должина од 7 км.

Проектот вклучува и изработка на основен проект за реконструкција на постојниот собирен резервоар за геотермална вода; изработка на техничка студија за избор на најдобро техничко решение за реконструкција на постојниот дистрибутивен цевковод за геотермална вода; утврдување на потребните количества геотермална енергија за сегашните и идните корисници; анализа за оптимизација на пумпните агрегати во Пумпната станица во Долни Подлог, како и анализа на можностите за поврзување на Градскиот базен на цевководот и планираната изградба на спа-центар и др.

Третиот повик во рамките на Фондот за техничка документација беше спроведен од страна на Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio