Радио Кочани
Кочани

Осветување на новите икони и дарување крст на Станчо Ристов во храмот „Св. Вмч. Георгиј“ – Кочани

625

Вчера во кочанскиот храм „Св. Вмч. Георгиј“ беше отслужена Света Архиерејска Литургија.

Со богослужбата чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, кој пред започнувањето на Литургијата изврши осветување на новиот фрескоживопис во олтарниот дел и во припратата на храмот.

Осветени беа и иконите подарени од Рилскиот манастир – Бугарска Православна Црква, насликани од јеромонахот Павел.

На крајот од Божествената Литургија, митрополитот г. Иларион одржа пригодна архипастирска беседа, по што му подари граден крст на Архиерејскиот намесник на Кочанското намесништво, протоереј-ставрофор Станчо Ристов, по повод неговите 40 години свештеничка служба.

Во оваа прилика му посака здравје, долг живот и уште многу години усрдна служба на Бога и Црквата.

Исто така, митрополитот додели Благодарница на јеромонахот Павел од Рилскиот манастир – БПЦ, за неговиот труд околу изработката и дарувањето на иконите за храмот „Св. Вмч. Георгиј“ и како знак на признание кон верниот народ во Кочани.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio