Радио Кочани
Кочани

Советот на Општина Виница со нова мерка: 6.000 денари поддршка за секое новороденче

297

Советот на Општина Виница на денешната втора седница ја донесе значајната Одлука за финансиска поддршка на семејствата со новороденчиња, со која секое новородено бебе ќе добие еднократна помош од 6.000 денари.

Мерката има за цел да ги охрабри младите семејства и да придонесе кон подобрување на демографските трендови во општината, и претставува еден од приоритетите на Советот.

Покрај оваа одлука, на седницата беше усвоена и Одлуката за отстранување хаварисани, напуштени и нерегистрирани возила од јавните површини.

Советниците ја одобрија и Програмата за организиран дочек на Новата 2026 година.

На самиот почеток од седницата беше верифициран мандатот на советникот Имит Скопко, кој беше отсутен на претходната седница кога беа потврдени мандатите на останатите советници.

Дополнително, Советот ја изгласа и точката за изменување и дополнување на Буџетот на Општина Виница за 2025 година, односно вториот Ребаланс на Буџетот.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio