Радио Кочани
Кочани

Отстранет отпадот во близина на Фабриката за вода во Кочани

279

Активностите за расчистување на отпадот на јавните површини во Кочани денеска продолжија со отстранување на мини-депонијата создадена на Полатски пат, во близина на Фабриката за вода во Кочани.

Општина Кочани во соработка со КЈП „Водовод“, со помош на механизација го отстрани насобраниот отпад, а лицата за одржување на комунална хигиена ги чистеа остатоците  на овој потег во Ромското Маало во Кочани.

Увид на теренските активности направи и градоначалникот Владко Грозданов, кој повика на одржување на јавната чистота на секој дел во општината.

Интензивните активности за расчистување на отпадот ќе продолжат и претстојниов период.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio