Радио Кочани
Кочани

На 12 ноември – конститутивна седница на Советот на Општина Кочани

206

В среда, 12 ноември 2025 година, со почеток во 12 ч., Советот на Општина Кочани ќе ја одржи својата прва, конститутивна седница.
На предлог-дневниот ред се наоѓаат 14 точки.

1.      Верификација на мандатот на членовите на Советот на Општина Кочани

2.      Избор на членови на Комисијата за мандатни прашања избори и именувања

3.      Избор на претседател на Советот на Општина Кочани

4.      Предлог-решение за формирање Комисија за комунални работи, планирање и уредување на просторот и заштита на животната средина и природата

5.      Предлог-решение за формирање Комисија за култура, образование и спорт и права на децата

6.      Предлог-решение за формирање Комисија за земјоделие

7.      Предлог-решение за формирање Комисија за месна самоуправа и граѓански иницијативи

8.      Предлог-решение за формирање Комисија за здравство и социјална заштита

9.      Предлог-решение за формирање Комисија за статут и прописи

10.  Предлог-решение за формирање Комисија за прекугранична соработка

11.  Предлог-решение за формирање Комисија за финансии и буџет и локален економски развој

12.  Предлог-решение за формирање Комисија за сообраќај, јавна безбедност и противпожарна заштита

13.  Предлог-решение за формирање Комисија за еднакви можности на жените и мажите

14.  Предлог-решение за определување членови на Советот на Општина Кочани кои ќе учествуваат при склучување бракови.

Седницата ќе се одржи во салата на Советот во Мултикултурниот центар – Кочани.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio