Радио Кочани
Кочани

Осветен новиот храм „Св. вмч. Георгиј“ во селото Блатец

742

Денеска, 26 октомври, кога Православната црква ја прославува Светата маченичка Злата Мегленска и светите маченици Карп и Папила, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, го освети новоизградениот храм посветен на „Св. великомаченик Георгиј“ во селото Блатец, Виничко.

По чинот на осветување, Митрополитот Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија во сослужение со свештенослужители од Брегалничката епархија.

На крајот од литургијата, Митрополитот упати пригодна беседа до присутните верници, а за особени заслуги и несебична поддршка при изградбата на храмот, го одликуваше Тодор Голубов од Блатец со орден „Св. Николај“.

По завршувањето на богослужбата, беше благословен и пресечен празничниот леб.

Со тоа, новиот храм „Св. вмч. Георгиј“ во Блатец свечено беше предаден на употреба на верниците, кои во голем број присуствуваа на овој значаен духовен настан.

Нека е честито и од Бога благословено!

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio