Радио Кочани
Кочани

Во Виница вечерва ќе се одржи 54. Државен фестивал за непрофесионален (аматерски) филм на Македонија

117
Вечерва во Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница ќе се одржи 54. издание на Државниот фестивал за непрофесионален (аматерски) филм на Македонија. Фестивалот претставува традиционална манифестација што ја организаат на Кино сојуз на Македонија и Народна техника. Право на учество имаат сите граѓани од сите возрасни категории,, кои се занимаваат со филмска дејност.

На 54. ДФНФ 2025 година се натпреваруваат филмови во 5 категории: документарен, краток игран, експериментален, анимиран и едноминутен филм, кои ќе се борат за златен, сребрен и бронзен медал. Предвидени се награди и за авторите на филмовите, информираше Александра Давиткова, директор на виничкиот Фом на културата.
Официјалната проекција на 54. ДФНФ 2025 започнуваат во 19:00 часот во Кино салата на Дом на култура „Тошо Арсов“ во Виница.
Според програмата на фестивалот, од наградените аматерски филмови ќе се изберат неколку кои ќе ја претставуваат нашата држава на Светскиот фестивал за непрофесионален филм на УНИКА во 2026 година.
Влезот на проекциите на филмовите е бесплатен.
© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio