Радио Кочани
Кочани

Кампања за зголемување на безбедноста на децата во сообраќајот

133

Во рамките на Проектот за поврзување на локални патишта – P170267 со Министерството за транспорт и Светска банка, Општина Кочани спроведува проектна задача за подобрување на безбедноста на децата во сообраќајот.

Како една од десетте општини во Македонија, Општина Кочани со ОУ „Никола Карев“ спроведе кампања во која беа опфатени учениците од сите одделенија.

Едукативните настани се реализираа преку интерактивни работилници, гледање видеа, делење летоци и плакати. Беа спроведени и теренски групни движења на учениците по тротоарите, а се вежбаше и преминување преку пешачки премини. Учениците делеа пораки со содржини за зголемено внимание за безбедноста на учениците од страна на возачите.

Кампањата се спроведе во партнерство на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата – Кочани, ПО за БПС – Кочани и Општина Кочани.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio