Радио Кочани
Кочани

КЈП „ВОДОВОД“: Објавен огласот за лицитација за издавање на просторот за панаѓурот

4,813

1 785 000 денари е почетната цена на лицитацијата за отстапување на правото за организирање на традиционалниот кочанскиот панаѓур.

КЈП „Водовод“ го објави огласот со кој ги поканува сите заинтересирани правни субјекти да се пријават за учество на наддавањето што ќе се одржи в понеделник, 13 октомври во просторите на претпријатието во 12 часот.

Субјектот што ќе ја понуди најповолната понуда ќе се стекне со правото да го издава просторот на улицата „Скопска“.

Според условите во огласот, учесниците не треба да имаат никакви финансиски обврски кон „Водовод“ и претходно да уплатат 10% од почетната цена.

Минималниот праг на наддавањето изнесува десет  илјади денари, а  на сумата што ќе се постигне на лицитацијата , закупецот ќе има обврска да плати и 18% ДДВ.

Сумите се уплаќаат на денот на наддавањето или најдоцна наредниот ден.

Доколку на лицитацијата не се пријават заинтересирани лица или пак истата биде неуспешна, тогаш организирањето на панаѓурот ќе го преземе комуналното претпријатие.

Од страна, на  КЈП “Водовод“ како закуподавач на просторот има обврска да ја подготви локацијата за непречено организирање на панѓурот, односно да изврши монтажа на бараки за угостителска дејност, да обезбеди електрична енергија и осветлување за бараките и другите површини на панаѓурот, како и да обезбеди вода и сантирани јазли, и редовно чистење на отпадоците додека трае манифестацијата.

Според најавите годинава традицоналниот кочански панаѓур ќе се одржи од од шести  до деветти ноември.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio