Радио Кочани
Кочани

ЦК „Бели мугри“ – Отворена ликовната изложба „Креации во ноќта“ на ликовни уметници од Прилеп

121

Денска во ЦК „Бели мугри“ Кочани е отворена изложбата насловена „Креации во ноќта.- уметност инспирирана од соништата“ на Друштвото на ликовни уметници Прилеп.

Пред публиката е изложена поставка од десетина творби на уметници создадени во 2020 – та година и овој настан од ликовната уметност е претставен во јавноста за прв пат пред две години.

  • Создавајќи уметнички дела инспирирани од своите лични соништа, уметниците, членови на ДЛУ од Прилеп, се надоврзуваат на многувековната традиција присутна на светската и домашната ликовна уметност. По спроведеното тематско истражување секој уметник со автентичен ликовен јазик ја визуелизира и отелотворува својата визија, рече на отворањето на изложбата денеска во „Бели мугри“ во Кочани, Маја Ралева Миладиновски, куатор на „Креации во ноќта“

Проектот е дел од Годишната програма на НУЦК „Бели мугри“ Кочани, со финансиска подршка од Министерството за култура и туризам. Поставена е во фоајето на   приземјето на Националната установа од Кочани, каде ќе биде достапна за посетителите во наредните две недели.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio