Радио Кочани
Кочани

СДСМ го промовираше кандидатот за градоначалник на Општина Кочани, Игор Христов

249

Вечерва во големата сала на  МКЦ во Кочани се одржа промоцијата на кандидатот за градоначалник на Општина Кочани од редовите на СДСМ, Игор Христов.

На настанот беа претставени и кандидатите за членови на Советот на Општината.

Христов рече дека доколку ја добие довербата од граѓаните,  неговите заложби ќе бидат Кочани да прерасне во чист, зелен, културен, безбеден, спортски и туристички град.

Ностиелката  на Советничката листа Александра Коцева  посочи дека  по големата и незапаметената трагедија од март годинава, потребно е да се работи сложно за Кочани да стане повторно урбан и модерн град.

На промоцијата присуствуваше и потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова.

 

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio