Радио Кочани
Кочани

Јавен повик до граѓаните за учество во креирање на Буџетот на Општина Кочани за 2026 година

173

Општина Кочани го започнува процесот на креирање на Буџетот за 2026 година.

Со цел јавноста да се вклучи во овој процес, односно да се имаат предвид потребите на граѓаните, Општина Кочани упатува јавен повик до институциите, здруженија на граѓани и поединци за доставување предлози од поширок интерес на заедницата и конструктивни идеи за активности.

Предлозите може да бидат од сите сфери на надлежност на локалната самоуправа:

·         комунални дејности

·         урбанистичко планирање

·         заштита на животна средина

·         локален економски развој

·         образование

·         култура

·         социјална заштита

·         здравствена заштита

·         спорт и млади

·         еднакви можности на жените и мажите

·         поддршка на граѓанскиот сектор

·         меѓународна соработка и

·         други надлежности што се извршуваат согласно стандардите и постапките утврдени со закон.

Потребните податоци, предлог-проектите и активностите со финансиската конструкција, треба да се достават на посебна пријава од Едношалтерската канцеларија на Општина Кочани или од веб-страницата на Општина Кочани: www [email protected].

Поднесоците во електронска форма можат да се достават на е-адресата: [email protected] (со назнака: за јавен повик за предлог-проекти  за развојни програми од делот на инфраструктурата, комунални работи, урбанистичко планирање и сл.), или преку Едношалтерската  канцеларија на Општина Кочани, најдоцна до 17 октомври 2025 година.

Предлозите од областа на спортот, културата, социјалната заштита и сл. можат да се достават најдоцна до 20 ноември 2025 година.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio