Радио Кочани
Кочани

Настан од културата посветен на образованието, литературата и македонскиот јазикот се одржа синоќа во „Феникс“ центарот на Ротари клубот „Кочани – Виница“

147
Во Ротари „Феникс“ центарот на Ротари клубот „Кочани – Виница“ синоќа се одржа настан од културата посветен на образованието, литературата  и македонскиот јазикот.

Оваа активност се реализираше како резултат на заедничка соработка на Ротари клубот „Кочани- Виница“ и ЈОУ Библиотека „Искра“, која подолг период работи на афирмација и зачувуавње на македонскиот литературен јазик и негова промција помеѓу младата популација.

Според Влатко Тасев, претседател на „ротаријанците’“ од Кочани и Виница  Ротари „Феникс“ центарот работи според годишен план на активности, со кој се опфатени деца кои пројавиле интерес да ги посетуваат настаните.  Се повикуваат психолози, се прикажуваат филмови, гостуваат комичари, се организираат  музички настани, креативни работилници, предавање за здрава храна, обука за студенти и средношколци, јога и звучна медитација. Потоа, има разговори со инвеститори  и поддршка на родители, ликовни сесии, ден на спасителите, летни и зимки кампови.

– За таа цел ги покануваме сите млади што сакаат да  му се придружат на „Феникс“ центарот да ни се приклучат, со цел заедно да ги надмин сите препреки што ги имавме во претходниот период, порача Влатко Тасев, претседател на Ротари клуб „Кочани – Виница“.
Како дополнителна содржина во одбележувањето на месецот на образованието, литературата и јазикот најавена е театарска претстава, што библиотека „Искра“ веќе ја има подготвено, а премиерата е закажана на 3 октомври, Меѓународниот ден на детето, во ЦК „Бели Мугри“ – Кочани.
© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio