Радио Кочани
Кочани

(видео) Родителите на починатите во „Пулс“ сo ултиматум – одговори до 3 октомври, во спротивно ќе има протести и блокади

1,088

Родителите на починатите во мартовскиот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска по 24 – ти пат маршираа за своите ангели.

Маршто започна од Паркот на Револуцијата, преку Трговскиот центар, мостот кај Шопинг центарот до зградата на Управата за јавни приходи. Поворката продолжи кон полициската станица и заврши пред Основниот суд, од каде беше упатено предупредување до Обвинителството и судот, од каде очекуваат одговори на прашањата што претходно им ги доставиле во писмена форма.

  • Доколку до петок, 3 октомври, не добиеме официјален одговор ќе нема повеќе маршеви — ќе продолжиме со протести и блокади. Нема повеќе мирни чекори. Нема повторно молчење, порачаа родителите.

Тие од ОЈО очекуваат одговор до каде е постапката против вработените во МВР и кога ќе има обвинети и обвинение ? Од судиите во Кривичниот суд, пак, бараат да знаат —  кога ќе ја донесат оценката на обвинителниот акт ?

  • Време е да се стави крај на одолговлекувањето и да се овозможи вистинска правда. Овие барања Ви ги доставивме и писмено по пошта. Доста е – сметаат родителите.

Тие рекоа дека не станува збор за позадински политички влијанија на партии врз нив, туку дека тоа се тие, родителите, и нивниот бес, тага и револтот против системот. Сметаат декада постојат обиди да се направи селективна „правда“, наместо да има вистинската правда која им припаѓа на нивните деца.

  • Правдата не чека. Жртвите не се бројки — тоа се нашите деца, браќа, сестри. Цели семејства се уништени, револтирано рекоа родителите, додавајќи дека бараат одговори, одговорност и вистинска правда.

 

 

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio