Радио Кочани
Кочани

Објавен огласот за избор на најуспешен оризопроизводител на општина Кочани

677

Организацискиот одбор на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ во соработка со Одделението за јавни дејности во Општина Кочани  го објави огласот за избор на најуспешен оризопроизводител на општина Кочани.

Право на учество во постапката за доделување на оваа награда имаа земјоделците жители на општина Кочани, чијшто имот се наоѓа на територијата на општина Кочани,  и кои се регистрирани или евидентирани земјоделски производители во Единствениот регистар на земјоделски стопанства при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Право на учество во постапката за доделување на награда за избор на најуспешен оризопроизводител немаат лицата на кои претходно им била доделена таква награда за најуспешен земјоделец на општина Кочани во последните седум години.

Во огласот се наведени сите задолжителни критериуми. Огласот е објавен на веб-страницата на Општина Кочани, www.kocani.gov.mk и на огласната табла во дворот на општинската зграда. Рокот за поднесување на документите трае до 29.9.2025 година до 15 часот.

Наградата за најуспешен оризопроизводител е парична и изнесува 60.000 денари, а ја доделува Градоначалникот на Општина Кочани на предлог на Организацискиот одбор согласно изготвена ранг-листа од стручна комисија.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio