Радио Кочани
Кочани

(Скандалозна јавна набавка) Од Општина Кочани велат: Еден милион денари – дневно се потрошени за депонијата. За пет дена пет милиони.

385

Третманот на депонијата во Кочани што Министерството за животна средина го вршеше минатиот викенд, ќе ги чини граѓаните близу пет милиони денари.

Вршителот на должноста градоначалник на Општина Кочани Венко Крстевски упатува на скандалозна јавна набавка на Министерството за животна средина, посочувајќи податоци од договорот.

 

„Во Кочани порамнување на отпад чини 3 250 денари по кубик, а во Никуштак (Липково) само 250 денари – 13 пати поскапо за истата работа. Покривање со земја во Кочани е 3 000 денари по квадрат, во Никуштак (Липково) 300 денари. Десет пати поскапо за истата работа.“

 

Додека Општината се грижеше за депонијата, пожари немаше. Министерството за животна средина склучило сомнителен договор, фирмата дојде, поработи пет дена, се случи пожар. Пожарот откри нешто многу поголемо од загадениот воздух, посочи кон вистината што повеќе не може да се игнорира – каде и да копнеш е гнило. На грбот на кочанчани се прават договори без логика, со единствена цел да се полнат нечии џебови – истакнува в. д. градоначалникот.

Крстевски додава дека со разумно и одговорно работење, со тој висок износ може да се набави и нова механизација и да се обезбеди третман на депонијата за цела година.

 

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio