Радио Кочани
Кочани

Премиерот Мицкоски утре во Зрновци – поставување камен-темелник на Дом за стари лица

2,026

Утре, 21 септември, во општина Зрновци ќе се одржи настан – поставување камен-темелник за изградба на  Дом за стари лица, како дел од приватна инвестиција на компанијата  „ЕКО ПАК ХИТ“ – Кочани.

На настанот ќе присуствува Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, кој заедно со градоначалникот на Зрновци, Борчо Коцев, и претставник од инвеститорите, официјално ќе го означат почетокот на овој значаен проект.

Присуство има највено и митрополитот Иларион, кој ќе изврши осветување на темелите на новиот објект.

Домот за стари лица претставува значајна инвестиција за општината, која ќе овозможи подобри услови за грижа на возрасната популација.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio