Радио Кочани
Кочани

ВМРО-ДПМНЕ со натпартиски кандидат за Кочани – поддршка за д-р Владко Грозданов за претстојните Локални избори

13,306

 

Партијата ВМРО-ДПМНЕ денеска официјално ги објави последните пет кандидати за градоначалници за претстојните локални избори.

Посебно внимание предизвика најавата за Кочани, каде партијата ќе го поддржи натпартискиот кандидат д-р Владко Грозданов.

Имено, за разлика од другите општини каде што се предложени партиски кадри, ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека во Кочани ќе се обедини околу кандидат кој доаѓа надвор од партиските редови, што се оценува како стратегија за поширока поддршка и поголема инклузивност.

Во објава на социјалните мрежи на ОК на ВМРО-ДПМНЕ се вели:

Чест ни е да го промовира својот кандидат за градоначалник и иден градоначалник на Кочани – др. Владко Грозданов!

Др. Грозданов е човек на чесноста, знаењето и посветеноста.

Лекар кој цел живот им служел на граѓаните, денес е подготвен да му служи и на својот град.  

Веруваме дека ќе го оздрави Кочани, ќе донесе надеж, развој и стабилност.  

Веруваме дека со неговата енергија и визија ќе изградиме почист, побезбеден и поправеден град.

 Веруваме дека Кочани ќе добие лидер што ќе работи за сите граѓани, а не за лични интереси.

Со др. Владко Грозданов, започнуваме нова страница за Кочани – страница на надеж, чесност и иднина!

Успешно и чесно!

 Објавени кандидати по општини:

  • Кисела Вода – Бети Стаменкоска Трајкоска
  • Старо Нагоричане – Мирослав Славковски
  • Дојран – Илија Тентов
  • Долнени – Сашко Велјановски
  • Ранковци – Даниел Павловски

 

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio