Радио Кочани
Кочани

Амбасадорката на САД, Н.Е Ангела П. Агелер во посета на Црвен крст Кочани

653
Амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Р. С. Македонија, Н.Е Ангела П. Агелер денеска беше во официјална посета на Црвен крст на Македонија – Општинска организација Кочани кадешто се сретна со вработените, волонтерите, психолози и претставници на противпожарната служба во Кочани.
При посетата на амбасадорката, г-ѓа. Агелер и беа презентирани преземаните активности на Црвениот крст на локално ниво за време на трагичниот настан од 16 март 2025 г. и деновите потоа.
Присутните имаа можност да споделат свои искуства и научени лекции од трагедијата пред американската амбасадорка.
Црвен крст Кочани изразува благодарност до амбасадроката на САД, Н.Е Ангела П. Агелер за посетата и поддршката што американскиот народ ја дава на нашата заедницата.
© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio