Радио Кочани
Кочани

Купувај и поддржи: Иницијатива на маркет „Кај Тоше“ за „Макпрогрес“

547

 

Компанијата „Макпрогрес“ од Виница, еден од столбовите на македонската кондиторска индустрија, се соочува со сериозен предизвик по неодамнешниот пожар кој предизвика значителна материјална штета.

Во овие тешки моменти, јавноста изразува искрена поддршка и солидарност со вработените и менаџментот на компанијата.

Во знак на поддршка, Маркет „Кај Тоше“ најавува иницијатива за формирање на посебен продажен дел во кој ќе бидат застапени исклучиво производите на „Макпрогрес“ – меѓу кои и добро познатите брендови „Винчини“, „Дониа“ и „Фантазија“.

Со оваа акција, потрошувачите ќе имаат можност преку секое купување да дадат директен придонес за побрзо закрепнување на компанијата.

„Макпрогрес“, предводен од генералниот директор Глигор Цветанов, е компанија која со години наназад е синоним за квалитет и општествена одговорност.


 

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio