Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
(видео) „Супорт Кочани“: Создаваме „Гнездо“ каде младите ќе се чуствуваат сигурно и безбедно, со надеж за подобра иднина…
Во објект во „Крушарското мало“ во Кочани наспроти поштата, вечерва е отворен Центар за млади, односно Центар за психо-социјализација, кој, идејните творци, Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“, го нарекоа „Гнездо“.
Објектот располага со неколку простории од над стотина квадратни метри површина и комплетно е опремен и уреден со финансиска подршка на А 1 операторот. Оваа општествено одговорна компанија и понатаму ќе вложува во активностите што во него ќе се реализираат.

Од страна на волонтерите на „Супорт Кочани“, Центарот за психо-социјалзација (Центар за млади) е именуван „Гнездо“, затоа што тоа име симболизира место каде што се чуствуваш сигурно, безбедно, каде се поврзувашсо другите и на крај, подготвен си да леташ сам.
- Се надеваме дека создадовме место за дружење, кое ќе биде топло и тивко, место кое ќе овозможува надеж за подобра иднина на младите.

Во овој Центар ќе има бројни рабоилници – едукативни, креативни и психолошки, ќе можеда се слика и црта, да се пишува, да се прават рачни изработки. Планирани се мотивациски говорници, активности за подобрување на психолошкото здравје и многу други нешта што ќе ги привлечат младите да создават нови вредности , информираше Ана Вучева од „Супорт Кочани“.

На отворањето на овој Центар за млади присуствуваа бројни гости, многу млади, претставници на донаторот – А 1 Македонија, луѓе од културниот и јавен живот во градот и државата, актери… пријатели на идејата за хуманизам, солидарност и единство што упорно ја „туркаат“ активистите на „Супорт Кочани“ после трагедијата од 16 – ти март годинава

