Радио Кочани
Кочани

Едукативни и културни активности за младите во Кочани…

258

ЕДУКАТИВНИ И КУЛТУРНИ АКТИВНОСТИ ЗА МЛАДИТЕ ВО КОЧАНИ, ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЈУРОП ХАУС

 

 

 

Почнувајќи од септември, па се до крајот на годината, во Кочани, Јуроп хаус ќе реализира низа активности кои ќе бидат посветени на учениците од основните и средните училишта.

 

 

 

Активностите започнуваат на 4 септември со настапот на “Биби и Боби” на градскиот плоштад, пред Домот на култура. Настанот се организира по повод почетокот на учебната година, со посебен акцент на најмладите, првачињата.

 

 

 

Следната активност, под наслов „Вело родео“, ќе се одржи на 19 септември во рамките на Европската недела на мобилност, во соработка со ECO LOGIC. Настанот опфаќа работилници за безбедно возење велосипед, кои ќе завршат со практично претставување на новата велосипедска патека со препреки и предизвици. Целта е да се едуцираат младите и граѓаните за важноста од безбедно движење, како и да се поттикне користењето на алтернативни и еколошки форми на транспорт.

 

 

 

Активностите во септември нема да завршат тука, бидејќи кон крајот на месецот, во соработка со Амбасадата на Шведска, Јуроп хаус планира да ја реализара и интерактивната борд-игра „Election Ville“, која ќе биде наменета за учениците од средните училишта во Кочани. Играта оваа година се реализираше низ шест градови во државата и кулминираше со големото финале во Скопје. Активноста има за цел да ги запознае младите со начинот на функционирање на локалната власт. Тимот од средношколците од Струмица, кои победија на националното финале во Скопје, ќе бидат модератори на играта во Кочани.

 

 

 

Покрај септемвриската програма, активностите продолжуваат и во октомври, ноември и декември, кога ќе бидат организирани и различни претстави и работилници наменети и за пошироката јавност.

 

 

 

Со овие активности, Јуроп хаус ја продолжува својата мисија за активно вклучување на младите и граѓаните во културни, образовни и општествени иницијативи. Програмата во Кочани претставува и континуиран придонес кон развојот на помалите локални заедници низ државата.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio