Радио Кочани
Кочани

Идниот петок ќе започне уривање на нелегални угостителски објекти во Трговскиот центар

5,468

По решение од градежен инспектор, в петок, 5 септември, во попладневните часови, Општина Кочани ќе започне со уривање на дивоградби што ја загрозуваат безбедноста во Трговскиот центар.

Доколку до тој период сопственикот на нелегалниот угостителски објект на терасата во Трговскиот центар сам не ја отстрани дивоградбата, уривањето ќе го изврши Општина Кочани преку економски оператор избран со јавна набавка.

 

На 28 април актуелниот в. д. градоначалник Венко Крстевски одржа состанок со угостителите од Кочани информирајќи ги дека Општината ќе се залага за хуманизација на просторот и дека безбедноста е првата причина поради која нема да се прават отстапки со узурпација на јавните површини.

 

На 18 јуни оваа година Крстевски поднесе кривична пријава за узурпација на јавна површина и бесправна градба против угостители што ја загрозуваат безбедноста на граѓаните истакнувајќи дека и по трагедијата во „Пулс“ има угостители што работат нерегуларно и незаконски, со што покажуваат дека поважен им е личниот профит, отколку безбедноста и здравјето на граѓаните, на жителите во зградите каде што се лоцирани објектите, но и на самите посетители.

 

Со најавата за уривање на нелегалните објекти што ја загрозуваат безбедноста, в. д. градоначалникот Крстевски потсетува дека јавната површина е јавен интерес и дека нема никаква толеранција кон угостителските објекти коишто го узурпираат јавниот простор и создаваат безбедносен проблем.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio