Радио Кочани
Кочани

Петмина од повредените во „Пулс“ се уште се на болничко лекување, двајца во Турција, тројца во државата

2,692

Петмина од повредените во пожарот во дискотеката ,,Пулс”, во Кочани, и по пет месеци од трагичниот настан се уште се наоѓаат на болничко лекување. Двајца се во здравствена установа во Турција, а тројца во земјава.

Според последните информации со кои располага Фондот за здравствено осигурување, дел од лицата повредени во трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ во Кочани сè уште се на болничко лекување, како во земјата така и во странство.
Во странство, односно во Истамбул, моментално се лекуваат двајца повредени пациенти, од кои едниот е во завршна фаза на третман и наскоро се очекува негово враќање во земјава. Во домашните здравствени установи, едно лице е згрижено на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, додека двајца пациенти се наоѓаат на болничко лекување во „Аџибадем Систина“, одговорија од Фондот за здравствено осигурување за ,,Фокус”.

Од овие пациенти, двајца се во тешка состојба.

Од вкупниот број, двајца повредени се сè уште во тешка состојба, а нивниот општ здравствен статус внимателно се следи од медицинските тимови, додаваат од ФЗО.

Извор: FOKUS.MK

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio