Радио Кочани
Кочани

ФА „Мугри“ го презентираше националниот фолклор на фестивал во Тиват

170
Фолклорниот ансамбл „Мугри“ се врати од Меѓународниот фестивал „Коло без граници“ што се одржа во Тиват, Црна Гора,  од 20 -ти до 24- ти август.

Членовите на Ансамблот на ЦК „Бели мугри“ од Кочани таму беа дел од фолклорниот мозаик од учесници од Италија, Грција, Црна Гора, Грузија, Чешка, Романија, со кои  споделија искуства и знаења.
Убаво поминато време во презентација на националниот фолклор, дружење, забава, крстарење, дефилеа и настапи, ни рече Драги Атанасов, раководител на Ансамболот кој работи во состав на кочанската Национална установа.
ФА „Мугри“ се врати од Тиват од „Коло без граници“  со диплома за учество, подароци од соработници и незаборавни спомени.
© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio