Радио Кочани
Кочани

ФОТО: Мицкоски запали свеќа за жртвите во трагедијата во Кочани

8,325

Премиерот Мицкоски по денешниот настан во компанијата „Амфенол“ во Кочани отишол на гробиштата за да запали свеќа за жртвите во најголемата трагедија во историјата на државата. Како што објави еден од родителите на загинато девојче во трагедијата во импровизираната дискотека „Пулс“, тој тоа го направи тивко и достоинствено.

-Разбрав дека денес премиерот бил на гробиштата во Кочани и запалил свеќа на гробовите на нашите ангели. Само тивок и достоинствен чин. За нас, родителите, секој кој ќе застане со почит пред болката што ја носиме е пред сѐ човек. Денес така го доживеав и премиерот, како човек. Ве молам, не ја злоупотребувајте оваа болка за политика и дневни поени. Болката е наша, а гестот беше човечки. Тоа е доволно, вели родителот во објава на Фејсбук.

 

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio