Радио Кочани
Кочани

ФФМ  ја укина котизацијата за настап во Втора македонска фудбалска лига

168

Фудбалската федерација на Македонија  ја укина котизацијата за настап во Втора македонска фудбалска лига.

За прв пат после речиси 15 години, второлигашките клубови немаат обврска да плаќаат котизација за учество во првенството. Оваа одлука, донесена по иницијатива на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, претставува значаен чекор напред кон создавање подобри услови за работа на клубовите, финансиско олеснување и унапредување на натпреварувањето. Вкупната финансиска сума од која се ослободуваат клубовите со оваа мерка изнесува 128.000 евра за една натпреварувачка сезона, што претставува директна поддршка и зајакнување на нивната стабилност, соопшти ФФМ.

Во однос на испразнетото место со истапувањето од лигата на Беса, ФФМ донесе одлука Преспа да биде вклучена во натпреварувањето и на тој начин, да се гарантира заштитата на интегритетот, континуитетот и натпреварувачката рамнотежа, како и доследното почитување на фер-плеј принципите во Втората македонска фудбалска лига.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio