Радио Кочани
Кочани

Седумнаесетиот Марш за ангелите во Кочани помина со многу револт и емоции и со намалено присутво на родители и граѓани

2,702

Со значително помало присуство на родители на настраданите во пожарот од 16 – ти март и нивни подржувачи, вечерва во Кочани помина 17 – от Марш на ангелите.

Вообичаено, свирежи и извици на револт имаше најмногу пред кафулрто „Класик“ во Трговски, пред зградата на Општината, УЈП, Полицијата и пред Судот. Овој пат, родителите налепија транспаренти со свои пораки на општинската, полициската и на зградата на Основниот суд во Кочани, упатувајќи предупредувачки порака дека оној што ќе ги отстрани, ќе го снајде иста судбина како нивната.

Родител на починато момче ја обвини кочанската полиција дека нивни службеници имаат најголема вина за смртта на нивните деца, затоа што кобната ноќ ја затвориле врата на дискотеката „Пулс“, па нивните деца гореле затоа што не можеле навреме да излезат.

Рекоа, на правосудниот систем не му веруваат, посочувајчи ги странските дипломати и новинари, кои според нив, кога доаѓале кај нашите политичаи, им укажувале дека судството не ни функционира и после 35 години самостојност.

Го споменаа и премиерот Мицковски, кој, како што рекоа, уште на почеток им ветил дека ќе доаѓа на маршевите со нив, но и после пет месеци ниту еднаш со негово присуство не им дал подршка.

Родителите најавија дека со марширањето за нивните ангели ќе продолжат и понатаму.

Видео материјал за овој настан можете да проследите на фејсбук профилот на radiokocani.mk

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio