Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Денеска во функција беа пуштени во употреба просториите на Центарот за солидарност „Сакам живот во Кочани“.
Визијата на центарот е Кочани да стане пример за солидарна заедница што одговорно и достоинствено се справува со предизвиците и да гради подобар живот за сите свои сограѓани.
Главни цели:
- Координација за помош како финансиска, материјална и стручна.
- Психосоцијална поддршка за настраданите семејства и поединци.
- Изградба и обнова на јавни и културни простори, вклучително и реализација на проектот „Парк на животот“.
- Кампањи и јавни настани за вклучување на дијаспората,
- Транспарентност и отчетност преку редовни извештаи.
Во продолжение на прилогот ја имаме изјавата на Зоран Тодоров.
