Радио Кочани
Кочани

В. д. градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски објави отчет за сработеното

1,069

Венко Крстевски објави отчет за стоте дена работа како вршител на должноста градоначалник на Општина Кочани.

Во воведот, обраќајќи им се на своите сограѓани, тој потенцира дека првите 100 дена од мандатот како в. д. градоначалник покажуваат дека Кочани може и мора да оди напред.

– Обезбедивме над 487 милиони денари за проекти, некои веќе завршени, некои во тек – од витално значење за нашиот град. Инвестираме во инфраструктура, безбедност, социјална поддршка и развој. Со упорност и работа го поставуваме Кочани на патот на обновата и напредокот – вели Крстевски.

Отчетот ги содржи најзначајните проекти и активности во периодот по 14 април 2025 година.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio