Радио Кочани
Кочани

Во организација на Cafe De Anatolia„Слив Елит Евентс“ беше домаќин на најголемот елитен настан што се случи во Источна Македонија

2,207

„Слив Елит Евентс“ беше домаќин на најголемот елитен настан што деновиве се случи во Источна Македонија.

Еден од најлуксузните рибници кај нас заедно со градот Виница, блесна на музичката мапа на светот.

Со првото издание на „Cafe De Anatolia“ Experience концептот, регионов стана сведок на спекатакал од светски рамки, настан каков што не се гледа секој ден, длабоко врежан во емоциите на сите присутни.

Рибник „Слив Елит Евентс“ совршено го долови духот на фестивалот и го претвори регионов во епицентар на културната и музичката магија.

Публиката уживаше во целодневна програма со музички настапи, специјално сценско осветлување, артистички изведби, како и брендирани производи поврзани со светскиот бренд Cafe De Anatolia, кој потекнува токму од тука.

На настанот пристигнаа гости од различни земји кои дојдоа специјално за настанот, како и посетители од различни градови низ Македонија, правејќи го Cafe De Anatolia Experience највлијателниот и највпечатливиот настан во последната деценија во регионот.

На бината настапија домашни и интернационални DJ-и кои го претставија каталогот на изданија од Cafe De Anatolia, вклучувајќи ексклузивни перформанси.

Дополнително, беа претставени и двете официјални вина на брендот – Cafe De Anatolia Wine и Mediterraneo, кои беа дел од избраното мени.

Во текот на настанот, гостите имаа можност да го видат и новиот бутик со маици и облека со оригинален дизајн, инспириран од визуелниот стил на брендот. Програмата беше збогатена со пантомимичари и танцувачи, кои дополнително придонесоа за уникатната атмосфера.

Организатори на настанот се основачите на Cafe De Anatolia – Моника Илиева (Monika Ilieva), Зоран Илиев (Billy Esteban) и Никола Илиев (Nickarth/Rialians On Earth), кои преку овој концепт го донесоа светскиот звук и искуство во родниот град.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio