Радио Кочани
Кочани

Детали од МВР за вчерашниот пожар во кој изгоре дел од семејна куќа

3,918

На 22.07.2025 во 13.37 часот во СВР Штип било пријавено дека настанал пожар во куќа на ул.„Браќа Ставреви“ во Кочани, сопственост на Л.С.(62) од Кочани.

На местото излегле полициски службеници од ОВР Кочани и екипи од Територијалната противпожарна единица Кочани.

Пожарот бил  изгаснат, а поради вдишување чад при гасењето во медицински установи за укажување на помош биле пренесени И.С., сопруг на сопственичката, А.С., К.С., В.Ш., О.С. и А.Д., кои помагале, како и тројца пожарникари.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio