Радио Кочани
Кочани

40-годишен маж од скопско и неговата фирма измамени за над 4.300 евра од лице од Кочани

996

На 21.07.2025 во 10.45 часот во СВР Скопје, 40-годишен маж од скопско пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 268.680 денари.

„Според пријавеното, лицето го контактирало телефонски и се претставило како сопственик на градежна фирма од Кочани, кој сакал да има соработка и да порачува градежни материјали од неговата фирма во скопско. Откако во неколку наврати му бил испорачан материјалот и уредно направена фактура, друго лице, кое се претставило како пријател на лицето од Кочани, му упатило закани по телефон, а подоцна и во неговата фирма во скопско, се наведува во полицискиот билтен.

 

 

 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio