Радио Кочани
Кочани

Вечерва во Кочани последна проекција од Патувачкото кино на МакеДокс

299

На летната сцена на Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани вечерва ќе биде прикажан последниот филм од програмата на Патувачкото кино на МакеДокс, фестивал на креативниот документарен филм.

Од 15 – ти до денеска кочанската публика имаше можност да проследи четири филма и со своето присуство покажа дека кино проекциите на градот му недостасуваат.

„Беше предвидено вчера, сабота, 19 јули, проекција на филм да се одржи во одморалиштето на Пониква за повредените во несреќата од 16 -ти март и што се на рехабилитација таму. Но проекција немаше затоа што повредените  беа во градот на лекарски контроли“, ни соопшти Дарко Набаков, које делод тимот на МакеДокс.

Проекцијата на последниот филм од Патувачкото кино на МакеДокс вечерва започнува во 21 часот на Летната сцена на ЦК „Бели мугри“.

Изборот на филмот што же биде прикажан се прави во зависност од „структурата“ на присутната публика, според возраста и интересот.

 

 

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio