Радио Кочани
Кочани

Филипче: Гоце Милевски и Ванчо Митев кандидати за градоначалници од СДСМ во Виница и Зрновци

2,546

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска соопшти дека партијата ги утврдила кандидатите за градоначалници во општините Виница и Зрновци за претстојните локални избори.

Кандидат за градоначалник на Виница ќе биде актуелниот претседател на општинската организација на СДСМ, Гоце Милевски.

Во Зрновци, СДСМ ќе настапи со Ванчо Митев, кој е исто така претседател на општинската организација.

Досега во општините во микро регионот познати се и актуелниот градоначалник на Зрновци ,Борчо Коцев од редовите на ВМРО ДПМНЕ, а во општина Чешиново-Облешево довербата од граѓаните од СДСМ ќе ја бара Горанчо Крстев.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio