Радио Кочани
Кочани

Јавен повик за ангажирање 20 пожарникари

195

Општина Кочани го објави јавниот повик за работно ангажирање 20 (дваесет) невработени лица за заштита и превенција од пожари и заштита и оплеменување на животната средина на локално ниво (пошумување).

Сите невработени лица евидентирани во АВРМ кои се заинтересирани да се вклучат во мерката Јавни работи за заштита и превенција од пожари и оплеменување на животната средина на локално ниво (пошумување) можат да се пријават во Центарот за вработување – Кочани.

Работното ангажирање на невработените лица ќе биде реализирано за период до најмногу 5 (пет) месеци. За кандидатите што ќе бидат избрани и работно ангажирани се предвидува да им биде исплатен месечен износ од 24.000 денари со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест и данок на личен доход. Средствата се обезбедени од Буџетот на АВРСМ – потсметка активни програми и мерки.

Целосниот јавен повик е објавен на веб-страницата на Општина Кочани.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio