Радио Кочани
Кочани

На 10 и на 11 јули во Кочанско – втор третман од земја за заштита од комарци

258

В четврток, 10 јули 2025 година, ќе спроведе превентивна терестичка дезинсекција на подрачјето на Општина Кочани, како општа противепидемиска мерка.

Во вечерните часови (од 20 ч.) стручна екипа на  Центарот за јавно здравје – Скопје ќе ја реализира втората фаза од превентивното земјено дезинсекциско третирање за заштита од комарци, со кое ќе бидат опфатени 300 хектари на локации на подрачјето на градот Кочани и селата: Тркање, Мојанци, Горни и Долни Подлог, Грдовци, Прибачево и Оризари.

По барање на Општина Кочани, избраниот економски оператор, в петок, 11 јули, ќе изврши рачно третирање против инсекти на локации каде што ќе се одвиваат настани по повод Петровден: СРЦ „Бавчалук“, на зелените површини пред Црковниот храм „Св. вмч. Георгиј“ и во Градскиот парк во Кочани.

Третирањето ќе се изведува со водорастворлив широкоспектарен инсектицид за третирање на комарци, одобрен од Бирото за лекови.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio