Радио Кочани
Кочани

Почна Петровденскиот турнир – 16 пријавени екипи, победникот ќе биде познат на 12 јули

628

Почна 23. издание на Петровденскиот турнир во мал фудбал.

Честа да го отворат, годинава и припадна на екипите на „Агро смарт“ и „Електрика“.

Оваа година има пријавено голем број на екипи, односно 16, а

натпреварите се играат на СРЦ  „Бавчалук“.

За првопласираната екипа, обезбеден е паричен износ од 60.000 денари, за втората 30.000  и за третата 15.000 денари.

На турнирот ќе биде прогласен и најдобриот играч и стрелец.

Се планира да се играат по два натпревари дневно, а победникот ќе биде познат на финалниот натпревар што ќе се одигра на 12 јули – Петровден, кога Кочани го слави својот празник.

 

 

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio