Радио Кочани
Кочани

На 12ти и 13ти Јули културно уметничка програма по повод празникот на градот….

2,640

На 12 и 13 јули, во Градскиот парк во Кочани ќе се одржи фестивалот „20 часа урбан здив“. Освен настапи на повеќе бендови и диџеи, ќе има и регионален саем на физички носачи на звук. Првиот ден винил изданија ќе изложат гости од Ниш, Крушевац, Солун, Подгорица, Кочани, Скопје, Куманово, Белград, Софија и Приштина. Од 20 часот до полноќ ќе свират „Суперхикс“ и „Ареа“ (фото). Саемот ќе продолжи и следниот ден, а во музичкиот дел ќе настапат локалниот бенд „Корка“, „Мрша“ од Скопје и Мартин Џорлев со акустичен сет. Ќе има и работилница за тоа како да се направи интервју со омилениот бенд, дискусија на тема „Како да го изградиме урбаното Кочани“ и други активности. Истиот ден, диџеј сетови ќе имаат Цека од Ниш, Павлос од Солун и Бојан од Крушевац.

Извор: СДК.мк

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio