Радио Кочани
Кочани

В. д. градоначалникот на Општина Кочани упати благодарност до сите учесници во гасењето на пожарот

697

В. д. градоначалникот Венко Крстевски упатува јавна благодарност за пожртвуваноста и посветеноста на пожарникарите од Територијалната противпожарна едница – Кочани, доброволците од ДПД – Кочани  и на сите поединци и институции што помогнаа во гасењето на пожарот што избувна од населбата Трајаново Трло и зафати голем дел од месноста Пресечена Скала.

– Им благодариме на ТППЕ – Виница, ТППЕ – Пробиштип, ТППЕ – Штип, ДПД  Виница, а особено на ЦУК за поддршката во гасењето на пожарот од воздух – истакнува Крстевски, додавајќи дека противпожарните служби заслужуваат максимална поддршка и врвна опременост.

– На дневниот ред на последната седница на Советот на Општина Кочани, во предложениот ребаланс на Буџетот беа предвидени средства за бонус плата за пожарникарите во 2023 година. Но, седницата беше прекината, а со тоа и можноста вработените во ТППЕ – Кочани да бидат исплатени. Во очекување  тоа да го реализираме што поскоро, апелираме на внимателно однесување со огнот за да не бидат доведени во опасност животот и материјалните добра – повикува Крстевски.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio