Радио Кочани
Кочани

Семејството Стоименовски од Кочани остана без дом додека Виолета примала хемотерапија – Помош од хуманите граѓани им е потребна час поскоро…

5,372

Тешка животна трагедија го погоди семејството Стоименовски од Кочани – нивниот дом целосно изгорел во пожар, додека тие се наоѓале во Скопје на лекарска посета.

Во моментот на несреќата, Виолета Стоименовска примала хемотерапија поради карцином на градите, со кој храбро се бори веќе некое време.

Покрај тешката здравствена состојба и ограничените финансиски можности, сега ова семејство остана и без единствениот кров над глава.

Во пожарот биле уништени сите нивни лични документи, покуќнината, облеката и основните средства за живот. Семејството апелира до сите хумани луѓе и институции да им помогнат колку што можат — со градежен материјал, облека, храна, покуќнина или финансиски средства.

Сите што сакаат да помогнат, тоа можат да го сторат на следните начини:

Адреса за лична донација: ул. „Поп Арсов Блаже“ бр. 22, Кочани

Телефон за контакт: 077 743 952

Трансакциска сметка: 300057120612554

Во моменти кога едно семејство се соочува со болест и губење на домот, најмалото дело на добрина може да направи огромна разлика.

Да покажеме солидарност и човечност – да подадеме рака тогаш кога е најпотребно.

Да бидеме хумани – секоја помош значи живот!!!

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio