Радио Кочани
Кочани

Амбасадорот на ЕУ Рокас и в.д. градоначалникот Крстевски го посетија Спомен-домот „АСНОМ“ во Кочани

357

Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис Рокас, заедно со в.д. градоначалникот на Општина Кочани, Венко Крстевски, и придружна делегација, денес го посетија Спомен-домот „АСНОМ“, што во моментов се наоѓа во запуштена и лоша состојба.

Објектот, кој претставува значајно културно-историско наследство, планирано е да биде целосно реновиран со финансиска поддршка од Европската Унија.

По завршувањето на градежните активности, просторот ќе добие нов, современ лик и ќе биде ставен во функција, со цел да им служи на младите и да се користи за нивни активности и потреби.

&nbsp

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio