Радио Кочани
Кочани

Сто дена по трагедијата: Сеќавање, болка и барање за правда!

412

Сто дена по трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 62 лица, јавноста сè уште чека одговорност и правда. Семејствата на настраданите, повредените и преживеаните денеска преку социјалните мрежи и јавни обраќања повторно упатија потресни сведоштва и апели до институциите.

Граѓанската иницијатива „Кој е следен?“ организираше акција пред клучните институции во Скопје, испраќајќи 100 пораки – симболични критики и повици за суштински реформи во системот.

„Овие 100 пораки не се минливи желби или реторички прашања. Тие се реални критики до нефункционалниот систем“, порачаа од иницијативата.

Инаку истрагата сè уште е отворена во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК), каде се испитува и одговорноста на полициските службеници кои кобната вечер биле на увид во дискотеката.

Додека семејствата и јавноста чекаат одговорност, институциите и натаму се во процес на усогласување за тоа каде и кога ќе започне судскиот процес – процес што многумина го гледаат како тест за правосудниот систем во земјата.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio