Радио Кочани
Кочани

Желбата на Ице Андонов од Кочани го допре цело срце на Битола

3,274

Една искрена желба – да го донесе својот автомобил на првиот CAR SHOW во Битола – остана незаборавена. Иако животот сурово пресече, не дозволувајќи Ице Андонов од Кочани да биде физички присутен, неговиот дух, желбата и љубовта кон автомобилите беа посилни од времето и просторот.

Денес, таа негова желба стана реалност. Благодарение на неговото семејство и многубројните другари, автомобилот на Ице не само што беше дел од манифестацијата, туку ја освои и првата награда на првиот CAR SHOW во Битола.

Оваа победа не беше само за автомобилот – беше триумф на пријателството, љубовта и посветеноста. Вечна слава на Ице Андонов – херојот чие срце и страст продолжуваат да живеат преку сите што го сакаа.

Големи честитки и до организаторите на настанот, кои со беспрекорна организација и неколку искрени гестови покажаа дека ништо не е невозможно кога се сака од срце.

Извор: Babambitola.mk

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio