Радио Кочани
Кочани

Повредената правничка од Општина Кочани – Пуштена на домашно лекување

1,173

Пуштена на домашно лекување е вработената во Општина Кочани која вчера беше повредена на седница на кочанскиот Совет, кога советникот Аки Акиов од Партијата за демократски просперитет на Ромите и советник на ВМРО-ДПМНЕ прво влегоа во вербална конфронтација со меѓусебни сочни навреди, за Акиов да избувне и да замавне со пластично шише полно вода кон својот колега, кое што шише заврши во главата на вработена во општината. Повредената жена работи како правничка во општината и од ударот заврши во болница.

„Направена ѝ е компјутерска томографија на главата со уреден наод, прегледана е од психијатар и пуштена е на домашно лекување“, изјави директорката на болницата во Кочани доктор Катерина Паниќ.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio