Радио Кочани
Кочани

Угостителите од ГТЦ Блок А- Општина Кочани прави селективност при постапувањето за рушење на нелегални објекти откако периодов се донесени решенија за отстранување на времените објекти пред нашите угостителски објекти

1,024

Општина Кочани прави селективност при постапувањето за рушење на нелегални објекти откако периодов се донесени решенија за отстранување на времените објекти пред нашите угостителските објекти.

Според наши сознанија инспекциските служби во Општина Кочани низ годините имаат донесено околу 700 извршни решенија за рушење на нелегални објекти. Прашуваме зошто општината прави селективност во рушењето, зошто се дава приоритет на нашите времени објекти за кои се донесени решенија во последниот месец, а не се рушат оние 700 објекти кои чекаат на извршување со години

Без разлика на се, ние како угостители сме спремни повторно да седнеме на маса со градоначалникот и надлежните служби во општината и одново да разговараме за ситуацијата. Да ни се објасни што смееме, а што не смееме да поставиме пред нашите објекти. Рушењето на времените објекти нема да биде од корист ни на нас сопственциите и вработените, ниту на општината, а најмалку на граѓаните.

Поради ситуацијата со трагедијата во Кочани имаме намален промет, едвај опстојуваме и врзуваме крај со крај, а рушењето за нас значи клуч на врата на пицериите.
Дали ваквите избрзани одлуки ни го доуништуват градот кој веке со забрзано темпо замира.

 

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio