Радио Кочани
Кочани

Со писмено барање, в. д. градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски побара од Училишниот одбор да спроведе постапка за разрешување на директорот на ОУ „Никола Карев“

643
Со писмено барање, в. д. градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски побара од Училишниот одбор да спроведе постапка за разрешување на директорот на ОУ „Никола Карев“.
Барањето се заснова на несовесно работење во службата и направени повреди на закони и на други акти утврдени со внатрешна ревизија.
Со цел да се прекинат натамошните штети во училиштето, Крстевски бара од Училишниот одбор да донесе решение за разрешување на директорот и да назначи нов директор.
Во прилог на барањето до Училишниот одбор е известување од „Водовод“ од коешто се гледа дека неколкумина директори на кочанското комунално претпријатие безуспешно му имаат понудено на директорот на „Никола Карев“ исплата на рати на долгот кон КЈП.
Во зависност од решението на Училишниот одбор на „Никола Карев“, Општина Кочани ќе преземе соодветни мерки.
© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio