Радио Кочани
Кочани

Успешно завршена обуката „Пониква 2025“ за гасење шумски пожари во Кочани…

275

Во организација на Центарот за обука на пожарникари „Пегаз еду“ од Битола, а со поддршка од Општина Кочани, успешно беше спроведен практичниот дел од обука за интервенции при шумски и пожари на отворен простор. Во обуката учествуваа околу педесет пожарникари и вработени во релевантни институции, кои во изминатите три дена ги усовршија своите вештини за справување со вакви предизвици. „Целта на обуката беше дополнително да ги оспособиме доброволните пожарникари за ефективно вклучување во гаснење шумски пожари, користејќи брзи, едноставни и ефикасни методи. Задоволни сме од нивната подготвеност, особено со оглед на краткиот период во кој стекнаа вештини на вистински професионалци“, изјави Костадин Поповски од Центарот „Пегаз еду“. Учесниците вежбаа користење на опрема за дотур на вода во непристапни терени, како и поддршка на хеликоптерски интервенции од воздух – знаења кои се од клучно значење при борбата со пожари во отворена природа.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio