Радио Кочани
Кочани

ЗА ЕДЕН ЧАС Е ПРОДОЛЖЕНО РАБОТНОТО ВРЕМЕ НА УГОСТИТЕЛИТЕ ЗА ВРЕМЕ НА ЛЕТНИОТ ВРЕМЕНСКИ ПЕРИОД – ЗАКЛУЧНО СО 31. АВГУСТ

1,225

Во летниот период се пролонгира работното време на угостителите за еден час повеќе, односно тие секој ден од неделата може да работат до 1 часот по полноќ, заклучно со 31 август.

Доколку граѓаните забележат поголема бучава по дозволенто време за  работа тоа може да го пријават кај овластениот инспектор за животна средина во општината.

Исто како и во летниот период со продолжено работно врме, угостителите работат и во периодот од 25 декември до 15 февруари.

Угостителските објекти за исхрана без оглед на видот на угостителските услуги во деновите петок и сабота, спроти празнични денови и празнични денови, како и во периодот од 1 јуни до 31 август и во периодот од 25 декември до 15 февруари можат да работат од 07:00 до 01:00 часот наредниот ден, а на 31 декември до 07:00 часот наредниот ден, 1 и 2 јануари до 03,00 часот наредниот ден, се вели во Законот за угостителска дејност.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio