Радио Кочани
Кочани

Хуманоста ги обедини пензионерите: За два часа собрани 96.000 денари за повредените деца

2,703

Хуманоста не познава возраст. Денешната хуманитарна акција, организирана од Комисијата на жени-пензионерки при Здружението на пензионери – Кочани, ги надмина очекувањата.

За помалку од два часа беа распродадени сите производи изработени со многу љубов и труд од вредните раце на нашите пензионерки.

Акцијата доби поддршка и од Здружението на пензионери од Виница, како и од побратимените здруженија од Центар – Скопје и Гази Баба, кои со своето присуство и ангажман дадоа значителен придонес.

„Хуманоста се гледа на дело“, порачаа организаторите, изразувајќи надеж дека никому никогаш нема да му се повтори ваква трагедија.

Вкупно беа собрани 96.000 денари, средства што ќе бидат донирани за лекување на децата повредени во неодамнешниот пожар. Сите учесници во акцијата споделија една искрена желба – децата што побрзо да оздрават.

Одлично организирани, пензионерките уште еднаш покажаа дека возраста не е пречка за хуманост, солидарност и дело што буди надеж.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio